За нас
Консултантска компанија основана во 2011 година, специјализирана за деловно и корпоративно право, со докажана експертиза во правниот и економскиот консалтинг.
Комплетен правен сервис за компаниите
КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП работи преку две канцеларии — во Скопје и Кавадарци — и има свое претставништво во Софија, Република Бугарија.
Предводени од претприемачкиот дух и новите иновативни предизвици, како и потребите за развој на компаниите, прераснавме во комплетен правен сервис. Како активни чинители во националната правна проблематика нудиме професионален пристап во работењето, а брзите и практични решенија станаа наш заштитен знак — со минимална вклученост на клиентите, што е од особена важност за нивното деловно работење.
Дополнително, КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП е акредитиран финансиски фасилитатор за пристап до финансии ангажиран од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, и официјален консултант пред Фондот за иновации и технолошки развој и ИПАРД 2 програмата на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој.
Растечка база на клиенти
Различните услуги што ги нудиме ни овозможуваат постојано усовршување, посветеност и квалитет.
Тим на експерти
Надворешни соработници, финансиски и даночни експерти и тим на адвокати го поддржуваат секој проект.
Меѓународна соработка
Меморандуми за соработка со меѓународни консултантски компании, со кои работиме во конзорциум на големи проекти.
Активно членство
Активен член сме во повеќе национални и меѓународни асоцијации, здруженија и комори.
Нашата мисија е континуиран напредок и усовршување на тимот на компанијата, а со тоа и на услугите кои ги нудиме — да поставуваме сè повисоки стандарди на квалитет во работењето и да овозможиме врвна консултантска услуга.
Нашата визија е да станеме лидер во земјата и регионот како комплетен правен сервис, преку отворање на наши претставништва во повеќе држави.
Кон што се стремиме
Подобрување на квалитетот и брзината на услугите кои се нудат на пазарот
Заштеда на време за компаниите кои имаат потреба од правни услуги
Нов начин на развивање на свеста на компаниите за постоењето на консалтинг услугите
Професионална дискреција и доверба
Важноста на правниот совет во вистинско време
Пенка Мукаетова
Правен консултант со докажана експертиза во деловното и корпоративното право. Преку учество во голем број проекти активно работи на подобрување на бизнис климата во нашата држава и во регионот.
Горд поддржувач на женското претприемништво, искусен предавач, бизнис ментор и континуиран борец за поттикнување на улогата на жената во бизнис секторот и за промовирање на жената како бизнис креатор.
Одговорни кон заедницата
КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП е општествено одговорна компанија со дефинирана програма за општествена одговорност — преку обучување на млади кадри, како горд поддржувач и промотор на женското и социјалното претприемништво и како активен учесник во големи донаторски проекти.